Поврзете се со нас

Шпанија

Мамардашвили по нестварната одбрана во дуелот со Валверде: Останав шокиран од самиот себе (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/valenciacf

Гиорги Мамардашвили обелодени дека добил облог со Винисиус Жуниор и дека не бил исплатен од Бразилецот по крајот на мечот на „Сантијаго Бернабеу“, натпревар кој ќе остане во добро сеќавање на фановите на Валенсија, но и на самиот голман.

Грузиецот го имаше најдоброто издание оваа сезона и запиша осум успешни интервенции против Реал Мадрид, од кои неколку беа навистина неверојатни и импресивни.

Мамардашвили му одбрани пенал на Винсиус, го сопре налетот на Килијан Мбапе во првото полувреме, но се чини дека најдобриот потег го режираше во 71-та минута.

Чуварот на мрежата на Валенсија успеа да реагира брзо и рефлексно и да интервенира по обидот на Феде Валверде, па откако ја сочува својата мрежа во дадената ситуација, на крајот се израдува на голот на Уго Дуро за 1:2 кој донесе прва победа за Валенсија на „Бернабеу“ по пауза од 17 години.

– Ова беше најдобар натпревар за мене оваа сезона, но не планираме да застанеме тука. Имаме уште осум натпревари до крајот на сезоната и ќе дадеме се од себе. Ова е историска победа за нас, 17 години без победа на овој терен е навистина долг период и среќни сме што ја прекинавме таа низа, – изјави Мамардашвили, кој даде коментар и за одбраната во дуелот со Валверде.

– Да бидам искрен, ниту јас не очекував да го одбранам тоа. Останав шокиран, – призна Грузиецот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни