Поврзете се со нас

Шпанија

Мамардашвили направи почетничка грешка, Валенсија излезе од опасната зона после шест месеци(Видео)

Објавено

на

Foto:facebook.com/valenciacf.en

Валенсија беше надвор од опасната зона во Ли Лига последен пат во месец септември, а требаше да поминат речиси цели шест месеци пред „лилјаците“ да дојдат до место кое не е едно од оние три под црвената линија.

Тимот на нашиот Столе Димитриевски денеска со многу мака освои три бода на „Месталја“, но победата против Валјадолид е максимално драгоцена, бидејќи „лилјаците“ славеа над директен ривал за опстанок, а воедно и избегаа на црвената зона.

Валенсија славеше со 2:1 на натпревар во кој во најголем дел беше подобар ривал, меѓутоа мораше да се опоравува од еден огромен и почетнички кикс на Гиорги Мамардашвили.

Грузиецот е далеку од посакуваната форма оваа сезона и со неколку лоши реакции правеше Валенсија да губи важни бодови сезонава, но денеска имаше среќа што неговите соиграчи реагираа навреме.

Домашниот тим стигна до водство со голот на Диего Лопез уште во 6-та минута, но Валјадолид успеа да се врати во игра пред крајот на првиот дел, кога видовме една навистина катастрофална реакција на Мамардашвили. Голманот на Валенсија му ја подаде топката на Латаса кој израмни на 1:1, па Валенсија по вторпат мораше да брка предност.

Како тим кој загуби најмногу бодови кога повел на еден натпревар, момците на Корберан прилично брзо му зададоа нов удар на Валјадолид, и тоа преку разиграниот Умар Садик кој погоди за 2:1. Погодокот на Нигериецот се покажа како клучен момент на оваа средба, по која Валенсија сега скокна до 16-то место на табелата, оставајќи ги зад себе Валјдолид, Лас Палмас, Алавес и Леганес.

Головите погледнете ги ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни