Поврзете се со нас

Шпанија

Мамардашвили го одби првиот европски великан: Ќе одам во клуб кој ќе ми гарантира стартерско место

Објавено

на

Foto:facebook.com/valenciacf.en

Валенсија го доведе Столе Димитриевски со цел да си обезбеди сигурна замена за Гиорги Мамарадшвили, фантастичниот грузиски голман кој до осминафиналето беше најдобар чувар на мрежата на Европското првенство.

Мамардашвили имаше најголем процент на одбрани и имаше неколку страшни реакции на турнирот во Германија, потези на кои се израдува и Валенсија која сигурно ќе заработи доста од својот досегашен прв голман.

„Лилјаците“ го ставија Грузиецот на трансфер листата уште пред Европското првенство, но сега очекуваат уште повисоки понуди за неговите услуги, особено ако се знае дека станува збор за млад голман со огромен потенцијал.

Мамадаршвили од почетокот на месец јуни се поврзува со неколку англиски клубови и со баварскиот великан Баерн Минхен, но сега самиот Грузиец ја исклучи опцијата која му се нуди во Германија.

– Баерн? Колку што знам, Баерн се уште го има најдобриот голман во светот. Поради тоа, за мене не постои опција да заминам таму. Ќе одам во клуб кој ќе ми гарантира дека ќе играм како стартер. Ако не играм, тогаш нема да правам трансфер, – вели Мамардашвили.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни