Поврзете се со нас

Европски првенства

Мамардашвили e голман со најмногу одбрани на ЕП, четворица играчи го делат првото место на листата на стрелци (ФОТО)

Објавено

на

Foto:x.com/EURO2024

Денеска е ден за одмор на 17. Европско првенство, па дефинитивно има простор и време да се направи едно резиме на досегашниот дел на шампионатот и да се потенцираат некои податоци, факти кои го одбележаа турнирот.

Најдобар голман на овој собир дефинитивно е репрезентативецот на Грузија, Георги Мамардашвили кој беше спектакуларен и на четири натпревари забележа дури 29 одбрани со што е далеку пред сите на оваа листа, односно тешко дека некој ќе го надмине со оглед на тоа што сите голмани од првата петка се елиминирани, поточни нивните репрезентации го завршија настапот на ЕП.

Кога е во прашање битката за најдобат стрелец тука имаме четворица играчи кои со по три гола го држат првото место, ама само двајца од нив и понатаму ќе биде активни и тоа Коди Гакпо од Холандија и Џамал Мусиала од Германија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни