Поврзете се со нас

Светски првенства

Малото финале за „црвената фурија“: Шпанија ја доби битката со Франција за бронза на СП

Објавено

на

Репрезентацијата на Шпанија ја победи Франција со 35-29 и го освои третото место на 27. Светско ракометно првенство.

„Црвената фурија“ покажа многу повеќе во малото финале, како во првото така и во второто полурвеме и сосема заслужено се закити со бронзениот медал.

Шпанската селекција уште во првиот дел се избори за позититав од три гола (16-13), предност која се покажа како недостижна за противникот кој се закани во првите минути по паузата и дојде до минус еден, меѓутоа потоа стигна и одговорот на спротивната страна која одново се оддалечи и рутински ја заокружи започнатата задача.

Браќата Алекс и Дани Душебаев заедно дадоа 14 голови, а одличен беше и голманот Коралес со двоцифрен број на интервенции. Кај Франција најдобар поединец беше Деска со седум погодоци.

Големото финале меѓу Данска и Шведска е закажано за 17:30 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни