Малку недостигаше Елмас да го постигне својот гол првенец во дресот на Фенер (Видео)

elmas

Фенербахче почна да врзува победи во низа и дојде до втора победа во четвртфиналето во Купот на Турција против Гиресунспор. Натпреварот заврши со резултат од 2:1, a најважно од се е, што македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас кој играше до 79. минута од натпреварот, имаше шанса да поентира и да го запише својот прв гол за Фенер.

Елмас на натпреварот беше заменет со Маурицио Исла, а со добрите игри очигледно за наредниот период, полека но сигурно се наметнува како стандарден првотимец.

Инаку, Фенер во во полуфиналето ќе се сретне со еден од фаворитите за освојување на куот, Бешикташ.

Facebook Коментари