Малку фалело Варди да заигра во соседството: Го посакувавме во Партизан , но немавме скршена пара…

vardi-lester

Џејми Варди важи за еден од најдобрите напаѓачи во англиската Премиер лига кој го привлече вниманието со своите феноменални настапи во дресот на Лестер.

Неговата животна приказна, која лесно може да се пренесе и на филмско платно е позната на секој кој го следи фудбалот, а сега од соседна Србија ни доаѓа доста интересна информација.

Џејми Варди бил на радарот на Партизан, додека Аврам Грант бил на клупата на српскиот тим. Оваа информација ја потврди некогашниот претседател на „црно белите“, Драган Ѓуриќ.

– Додека Грант беше тренер ни рече да го донесеме Варди и дека тоа ќе ни се исплати многу во иднина. Тогаш немавме скршена пара, а не милион евра за да го купиме, колку што тогаш бараше Флетвуд. Немавме ниту генерален спонзор. Немаше пари како што сега има во Партизан. Нека не ве залажува тоа што петтолигаш ни бараше  милион евра. И тогаш Варди беше пеколен играч иако не беше познат како сега. Грант ги знаеше сите деца во Англија, беше мајстор за откривање таленти, но ете бевме во голема криза и не можевме да го платиме, -изјави Ѓуриќ.

Facebook Коментари