Малком: Меси ги покрива проблемите на Барселона

A2-102238569.jpg

Бразилскиот интернационалец Малком по неуспешната епизода во Барселона се пресели во руски Зенит каде исто не се наигра со тоа што мора да се потенцира дека беше повреден и допрва се очекува да го даде својот максимум во новата средина.

Во меѓувреме офанзивецот имаше интервју за шпанска „Марка“ во која зборуваше на повеќе теми меѓу кои и за Барселона. Каталонците не се во посакуваната форма сезонава и имаат доста проблеми на повеќе полиња и останува отворено прашањето каков резултат ќе постигнат во актуелнава кампања.

Многу тоа ќе зависи од Лионел Меси кој пак според Малком покрива многу од проблемите во актуелниот шпанскио шампион.

-Да, покрива некои од нив. Ама со Лео се Суарез, Гризман, Ракитиќ, Де Јонг, Артур, Видал… многу други играчи. Не е само Лео, туку цела група. Меси е најдобриот играч на светот, понекогаш прави луди работи и многу и помага на Барселона. Токму поради тоа понекогаш кога се зборува за Барселона, тие зборуваат за Меси. Тоа од нормално, поради се што прави, -истакна Малком.

Facebook Коментари