Малите јунаци доаѓаат на сцената: „Заедно можеме да создадеме поубав свет“

sonuvame menuvame

Второто издание на општествено одговорниот проект на Стопанска банка АД Скопје е насловен „Сонуваме.Менуваме.“ и ќе се одржи под мотото „Заедно можеме да создадеме поубав свет“.

Со ова Стопанска банка АД – Скопје се насочува кон децата со посебни потреби или пречки во развојот и потребата за нивна постојана инклузија во општеството.

На сцената на МОБ (Македонска Опера и Балет) ќе се појават детските миленици „5+ Фамилија“ кои веќе 10 години ја збогатуваат домашната едукативна и забавна детска програма ќе понудат едночасовна забава. Во претставата интегрален дел се деца со посебни потреби кои помагаат текот на приказната да биде комплетен и со тоа на најпластичен начин на публиката да и се претстави инклузијата во најјасна форма.

Концертите “Сонуваме.Менуваме“ ќе се одржуваат во МОБ со овој распоред:

Петок 15.12. од 18 часот
Сабота 16.12 од 11 и од 14 часот
Недела 17.12 од 11 и од 14 часот

Поради хуманитарниот карактер на настанот, билетите ќе бидат пуштени во продажба на билетарницата на МОБ по симболична цена од 150 денари и сите овие средства ќе се вклучат во фондот за донации кој Стопанска банка го обезбеди за реализација на грантови за асоцијациите на деца со посебни потреби.

– Нашиот тим го создаде овој проект во соработка со асоцијациите на деца со посебни потреби и горд сум што проектот добива на континуитет и претставува поттик за нашата општествено одговорна активност во иднина. Моќта на проектот произлегува од соработката, од можноста да се дознае повеќе, да се споделат искуства, да се научи нешто и да се препознае емпатијата. Секој од нас, вклучен во овој проект доби нова перспектива на животот и модел за негово подобрување во иднина. Повторно, со донациите кои Банката ќе ги реализира со асоцијациите се надеваме дека децата покрај забавните моменти за време на концертите, ќе уживаат и во трајно подобрени услови за едукација и надградба, – изјави г-дин Диомидис Николетопулос, генерален извршен директор и претседател на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје.

Facebook Коментари