Поврзете се со нас

Евролига

Малиот син на Лесор плачеше на земја по хорор повредата на неговиот татко (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/Paobcgr

Матијас Лесор нема да го памети по добро натпреварот против Басконија од 17-то коло во Евролигата, бидејќи поранешниот член на Партизан доживеа хорор повреда по еден лош доскок со левата нога.

Ѕвездата на Панатинаикос ужасно се приземји и си ја скрши ногата, па повеќе од јасно е дека сега го чека неколкумесечна пауза од терените.

При моментот на тешката повреда, болните крици и шокантните изрази на сите присутни на теренот и трибината направија атмосферата да биде навистина непријатна, а најтешко се чини му било на неговиот мал син.

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како малиот наследник на Лесор со солзи во очите лежи на земјата, по што морал да биде утешен од Ернангомез.

Малиот Метсон се најде во центарот на вниманието, а затоа Лесор реши да објави охрабрувачка порака преку социјалните мрежи, и тоа од амбулантното возило во кое е со неговиот син.

– Тоа што не убива, те прави посилен! Ви благодарм на сите за пораките и молитвите, ве сакам сите! Ќе се вратам посилен од било кога, – порача Лесор.

Ужасната повреда погледнете ја во продолжение…..

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни