Поврзете се со нас

Франција

Малиновски ја „искина“ мрежата на Донарума, ПСЖ е елиминиран од Купот на Франција (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/OM_English

Олимпик Марсеј славеше над Пари Сен Жермен со 2-1 во дерби средбата од осминафиналето на Купот на Франција.

Домаќините во својот дом на „Велодром“ не дозволија да бидат совладани од лутиот ривал на кого воедно го оставија без можност да атакува на титула во ова натпреварување и со дополнително да ја потврдат доминацијата во францускиот фудбал.

Првиот дел донесе два гола, првиот падна во 31 и автор на истиот беше искусниот Алексис Санчез. Одговорот на другата страна дојде од уште еден ветеран во името на Серхио Рамос кој се најде на вистинското место во судиското продолжение.

Во вториот дел клучниот потег во имаше Малиновски кој во 57 минута се најде на вистинското место по една блокирана топка на гостите по што во негов стил испрати неодбранлив проектил во мрежата на Донарума.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни