Поврзете се со нас

Шпанија

Мали се шансите да се врати на терен: Ѕвездата на Реал Мадрид едвај оди

Објавено

на

Минатата сезона Реал Мадрид плати премногу за да ја освои Лигата на шампионите и да се врати на националниот трон, со оглед на тоа што Карло Анчелоти поради тешки повреди остана без Давид Алаба и Едер Милитао, како и Тибо Куртоа.

Австрискиот репрезентативец помина многу полошо со оглед на тоа што кон средината на декември минатата година ги скина лигаментите на коленото, заедно со оштетување на менискусот и зглобната ‘рскавица, поради што најверојатно нема да може да игра повеќе од една година.

Искусниот дефанзивец се надеваше дека по операцијата ќе може да му се стави на располагање на италијанскиот стратег веќе во подготовките за претстојната сезона, но работите не одат како што сакаше.

Според австриските медиуми, состојбата на Алаба е полоша отколку што се прикажува во јавноста. Имаа можност да се убедат новинарите на ЕП, со оглед на тоа што на лице место можеа да ги видат тешкотиите што ги има дефанзивецот при движење.

– Повредата на Давид Алаба е многу посериозна отколку што беше претставена во јавноста. Фудбалерот за време на Европското првенство имаше сериозни проблеми при качување по скали. Имаше „неизвесност“ на секој чекор. Мали се шансите да се врати на терените пред 2025 година – пишуваат австриските медиуми.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни