Поврзете се со нас

Англија

Малерозниот Зиркзе спречи пресврт на Јунајтед, Брајтон го совлада трофејниот ривал (Видео)

Објавено

на

Брајтон го победи Манчестер Јунајтед со 2:1 и стигна до втора победа во исто толку натпревари од почетокот на новата сезона во англиската Премиер лига.

Брајтон поведе со голот на Дени Велбек, со што англискиот напаѓач стигна до петти погодок на дуелите со својот поранешен клуб Манчестер Јунајтед.

Домашните фанови славеа во 32. минута, а кратко подоцна Маркус Рашфорд барем за момент ја прекина еуфоријата со погодок, кој сепак беше поништен поради офсајд ситуација.

Манчестер Јунајтед почна да игра поконкретно во вториот дел, а наградата стигна со голот на Диало, кој добро проби од десната страна и ја затресе мрежата со помош на противничките дефанзивци во 60. минута.

Јунајтед беше блиску и до целосен пресврт, резервистот Гарначо реализираше, но голот беше поништен затоа што неговиот клупски колега Зиркзе ја допре топката пред да ја помине гол-линијата и на тој начин активираше офсајд, кој беше утврден со ВАР проверката.

Двете екипи во продолжение се обидуваа да дојдат до целиот плен, а тоа им успеа на „галебите“, кои по една мешаница во шеснаесетникот реализираа преку Педро во 95. минута. Резултатот остана 2:1 до крајот, со што Брајтон ја задржа традицијата на еден од најнезгодните ривали за „црвените ѓаволи“ последните сезони.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни