Поврзете се со нас

Англија

Малерозниот Жезус доби најлоши можни вести од лекарскиот тим на Арсенал (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/Arsenal

Габриел Жезус си нанесе голема штета на дерби натпреварот против Манчестер Јунајтед кој се одигра во ФА купот, а стравувањата на менаџерот Микел Артета денеска станаа реалност.

Лекарскиот тим на Арсенал после низа испитувања утврдил дека станува збор за најнеблагодарната повреда во фудбалот, поради која сега Бразилецот ќе паузира од шест до девет месеци.

Напаѓачот на Арсенал го скинал предниот вкрстен лигамент на левото колено и ќе мора да подлегне на оперативен зафат, што во превод значи дека сезоната за него е завршена.

Менаџерот Артета на овој начин губи уште еден важен ресурс во нападот, откако претходно остана и без Букајо Сака и Етан Нванери.

За Габриел ова е втора тешка повреда на едно колено, бидејќи во 2022-ра година имаше идентичен проблем на другото коленото, поради што не настапи и на Светското првенство кое се одигра во Катар.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни