Поврзете се со нас

Шпанија

Малерозниот играч на Барса се повреди уште на првиот тренинг

Објавено

на

Барселона вчера го одработи првиот „понормален“ тренинг во својот центар по паузата која настана поради коронавирусот, но за жал, каталонскиот гигант експресно брзо дозна дека лесно може да се обвистинат сите најави на кондициските тренери.

Долгата пауза донесе некарактеристични промени и тоа најмногу влијае кај луѓе кои се активни како професионалните фудбалери, а при самото враќање на поинтензивните тренинзи, се повреди малерозниот играч на Барса.

Самуел Умтите повеќе од една година се мачи со незгодни повреди на коленото, а сега враќањето во тренажен процес лошо се одрази на неговите мускули.

Барселона излезе со соопштение дека Умтити заработил повреда на листот поради која ќе мора да паузира неколку седмици, факт кој дополнително ја усложнува ситуацијата за Французинот кој овојпат имаше шанса отпочеток да се бори за своето место во тимот, особено што фудбалерите сега се соочуваат со еден вид на вонредни припреми за продолжување на сезоната.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни