Поврзете се со нас

Шпанија

Малерозниот дефанзивец на Барса се врати после четири месеци, но заработи нова повреда на тренинг (Фото)

Објавено

на

foto:www.facebook.com/fcbarcelona

Андреас Кристенсен без никаков сомнеж е најмалерозниот играч на Барселона од стартот на сезоната, бидејќи тренерот Ханси Флик воглавно можеше да смета на него само за првиот меч во Ла Лига против Валенсија.

Од тој момент, Данецот мина низ тежок процес на рехабилитација поради операцијата на ахиловата тетива, па иако во последно време важеше за играч кој може да биде реактивиран, сега вестите од клубот носат нова информација.

Барселона извести дека Кристенсен повторно ќе биде во аут поради повреда на листот на десната нога, што прави да ја продолжи голгогата која трае од крајот на месец август.

Кристенсен во оваа фаза од месец јануари важеше за еден од играчите кои имаа шанси да си заминат, но после нова повредата, повеќе од веројатно е дека се затвора и таква опција.

Според соопштението, новата повреда треба да го оддалечи Кристенсен од терените од три до четири недели, меѓутоа ако се суди според неговото искуство, со Данецот непожелно е да се даваат било какви прогнози.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни