Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Малерозниот Циндриќ мора на операција уште по првиот настап во Лигата на шампионите

Објавено

на

Лука Циндриќ повторно има проблем со повреда и ракометниот клуб Барселона утринава потврди дека мора да оди на оперативен зафат.

Хрватскиот репрезентативец вчера заработи повреда на рамото за време на дуелот меѓу Флензбург и Барселона, кој гостите го добија и позитивно ја започнаа сезоната во која ќе ја бранат европската титула.

Циндриќ се повредил уште во 12. минута на дуелот во Германија, а Барселона најави дека дури откако ќе биде направена операцијата, ќе може да се прогнозира колку ќе паузира.

– Навистина е штета што толку значаен играч како Циндриќ се повреди уште на првиот натпревар, – изјавил новиот тренер на Барса, Карлос Ортега.

Повредата носи загриженост и за хрватскиот селектор Хорват, во пресрет на Европското првенство кое се игра во јануари 2022 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни