Свет
Малерозен период за Шпанецот: Пред еден месец откри дека се тужи со родителите, сега боледува од туберколоза!

Лукас Перез пред еден месец направи трансфер во ПСВ како слободен агент откако претходно ја заврши авантурата во саканиот Депортиво, клуб од кој решил да си замине и поради проблемите кои ги имал во приватниот живот.
Некогашниот напаѓач на Арсенал се исповеда и обелодени дека ја напуштил Ла Коруња пред се поради проблемите кои ги имал со потесниот круг од семејството, односно поради тужбата која ја добил од своите родители кои му бараат пари на суд.
Перез кој бил напуштен како двегодишно дете од своите родители нема во план да издржува луѓе кои се откажале од него во најтешкиот период, но во фаза од кариерата кога се очекуваше негова брза аклиматизација во ПСВ, од Холандија пристигна вест која ја шокираше цела јавност.
Лукас најверојатно нема да игра фудбал до крајот на сезоната како последица на болеста која му била дијагностицирана, откако во изминатите неколку дена пријавувал зачестена кашлица, голема истоштеност и чест замор.
Лекарскиот тим на ПСВ утврдил дека Перез боледува од туберколоза, а бидејќи станува збор за сериозно заболување на белите дробови, терапијата најчесто знае да трае и со месеци.
Холандскиот клуб во својата вест открива дека фудбалерот бил навремено дијагностициран и истовремено изолиран од целиот тим, се со цел да се намали шансата за пренесувања на болеста на друг соиграч.
Медицинската пракса во вакви ситуации вели дека заболениот може да се лечи и од шест до осум месеци, па сега останува да се види каков правец ќе фати кариерата на Лукас по оваа нова животна драма.
-
Италија23 часа
Интер договара офанзивец од Франција (ВИДЕО)
-
НБА22 часа
Јокиќ се кае за одлуката во последниот напад на Денвер (ВИДЕО)
-
Шпанија11 часа
Барселона испрати 40 удари на „Монжуик“ и со доста мака го урна „ѕидот“ наречен Лео Роман (Видео)
-
Лига на шампиони24 часа
Фиго има фаворит за титулата во ЛШ: Тие имаат…
-
Македонија16 часа
Одборот на судии: Силекс израмнил од офсајд, Воска направи преседан против Вардар!
-
Македонија21 час
Ќе биде жешко во Битола: Пелистер ги распродаде билетите за дербито со Вардар
-
Англија20 часа
Харгривс има трансфер предлог за Арсенал како замена за Парти
-
Лига на шампиони18 часа
Фиго за битката меѓу Барселона и Интер во ЛШ: Секој што мисли…