Поврзете се со нас

Германија

Мален расположен во нападот, Борусија сигурна против Фрајбург (Видео)

Објавено

на

Борусија Дортмунд оствари сигурна победа со резултат 3:0 во дуелот со Фрајбург, во воведниот натпревар од новата рунда во Бундеслигата, која ќе биде одбележана со дербито на двете екипи со најмногу бодови досега.

„Милионерите“ ги израдуваа своите фанови со сигурен настап, а победата ја најави Мален уште во 16. минута, постигнувајќи атрактивен гол со удар за кој противничкиот голман немаше решение.

Истиот фудбалер зголеми на 2:0 до крајот на полувремето, а Фулкруг ги постави конечните 3:0 во финишот на вториот дел.

Со оваа победа, Борусија си гарантира задржување на четвртото место на табелата и по ова коло.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни