Малдини упати видео порака од својот дом и ја откри состојбата откако му беше дијагностициран коронавирус: Ќе се ослободиме…

maldini

Поранешниот легендарен фудбалер на Милан, сегашен технички директор на клубот, Паоло Малдини заедно со неговиот син Даниеле беа позитивни на коронавирусот.

Двајцата се наоѓаат во домашна атмосфера каде закрепнуваат од вирусот кој беснее ширум светот и веќе создаде бројни проблеми на сите полиња во општествениот живот.

Малдини од изолација се огласи, се заблагодари на сите за поддршката и нагласи дека за седум дена би требало да се излечат од овој вирус.

– Со ова видео сакам да се заблагодарам на сите луѓе кои преку социјалните мрежи испраќаа пораки за љубов и грижа за мене и мојот син. Добро сме, би требало да се ослободиме од овој вирус за околу една недела. Сакам да се заблагодарам на сите доктори, медицински сестри, здравствени работниици, цивилната гарда и органите на редот кои со оваа опасност се соочуваат со невиден професионализам и голема одговорност. Не правите горди што сме Италијани, ви благодарам уште еднаш, -изјави меѓу другото Малдини.

Facebook Коментари