Италија
Малдини со рецептот „Тео Ернандес“ привлекува играч на Реал кој е во последната година од договорот (Фото)

Марко Асенсио самиот наброја три можни сценарија кои можат да се случат ова лето, односно да го продолжи договорот, да не го продолжува истиот и да си замине како слободен агент наредното лето или да режира трансфер до крајот на месец август.
Шпанскиот репрезентативец нема минутажа во тимот на Карло Анчелоти онака како што посакува и се најде во втор план на најважните натпревари кои ги одигра Реал изминатава сезона, а фактот што е пред самиот крај на договорот прави да биде атрактивен за многу останати клуба во Европа.
Добар дел од нив претпазливо ја следат ситуацијата, но угледната „Газета“ информира дека Милан се уште е најзагреан и спортскиот директор Малдини планира да си обезбеди едно таканаречено роденденско изненадување.
Легендарниот стопер денеска полни 54 години, а токму по тој повод, „Газета“ му посвети насловна фотографија на Паоло со натпис за преговорите кои ги води со играчот на Реал Мадрид.
Според изворите на „Газета“, Малдини го користи истиот рецепт и ја применува истата тактика како пред неколку години, кога успеа да го убеди Тео Ернандес да дојде во Милан и да си ја врати кариерата во вистински колосек. Тео сега е еден од најдобрите леви бекови во светот, а Малдини планира да го убеди Асенсио да го следи чекорот на поранешниот соиграч и да го избере актуелниот италијански првак како следна дестинација во кариерата.
La prima pagina della #Gazzetta di oggi:
📣 ASENSIO, UN REGALO PER MALDINI
Tutte le #notizie 👉 https://t.co/lRccgZpsxe pic.twitter.com/11fjhrqSyz
— La Gazzetta dello Sport (@Gazzetta_it) June 26, 2022
-
Пливањепред 23 часа
Романски тинејџер го собори светскиот рекорд на 100 метри слободен стил
-
Англијапред 24 часа
Голманот на КПР донесе голем бод со гол во последните секунди (Видео)
-
Шпанијапред 10 часа
Алаба влезе во игра и со првиот допир со топката изведе ремек-дело (Видео)
-
Светпред 21 час
Роке, Роке, Роке: Санта Круз е мајстор и на 40 години (Видео)
-
Репрезентацијапред 15 часа
Голем успех за момците на Стојановиќ: Кадетите го освоија ЕХФ шампионатот во Рига
-
Англијапред 14 часа
Кејн го замолкна „Стемфорд Бриџ“ во 96. минута, Конте и Тухел режираа срам за Премиер лигата (Видео)
-
Англијапред 22 часа
Рио Фердинанд за колапсот на Јунајтед: Веќе не можам да ги тролам ни фановите на Арсенал
-
Англијапред 15 часа
Јунајтед ќе му го раскине договорот на Роналдо ако не си го промени односот! (Видео)