Поврзете се со нас

Италија

Малдини потврди дека ќе влезат во преговори за ангажман на еден играч следното лето

Објавено

на

blank

Техничкиот директор на Милан, Паоло Малдини потврди дека од клубот планираат да влезат во преговори со претставниците на Челси за перманентен ангажман на Фикајо Томори.

Младиот стопер пристигна на „Сан Сиро“ во јануари како позајмен фудбалер и веќе почна да добива шанса за настап од Стефано Пиоли.

Според зборовите на Малдини, тие се задоволни од изданијата на Томори за клубот и ќе се обидат да го ангажираат и на перманентна основа по крајот на сезоната. Сепак за да го сторат тоа ќе треба да се помачат затоа што како што кажа Малдини не се подготвени да ја понудат сумата која Челси ја бара за да го ослободи од обврските.

– Томори е добар талент и ние имаме опција за да го откупиме неговиот договор. Цената е многу висока. Милан ќе одлучи за тоа на крајот на сезоната и ќе разговараме за истата со раководството на Челси, -изјави Малдини.

Томори кој веќе собра пет настапи во дресот на Милан има откупна клаузула од 25 милиони фунти што е превисока за тимот на Милан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни