Поврзете се со нас

Италија

Малдини откри како бил отпуштен од Милан и распали по првиот човек на клубот

Објавено

на

Foto:twitter.com/acmilan

Паоло Малдини си замина од Милан во доста тешки услови, а шест месеци по разделбата која ја имаше со саканиот клуб, легендарниот стопер реши отворено да зборува за лошиот третман кој го добил од актуелниот газда на клубот.

Малдини остана без директорската позиција неколку дена по крајот на сезоната, но во пакет со него беше отпуштен и Рики Масара, со кого заедно ги извршуваа сите оперативни задачи на спортски план.

Паоло обелоденува дека бил отпуштен од Гери Кардинале без да му биде дадено логично објаснување, па поради тоа заклучува дека водечкиот човек покажал навистина лоши манири.

– Гери Кардинале ми се јави за да имаме доручек и да го коментираме збогувањето на Златан Ибрахимовиќ. Веднаш после тоа, ми порача дека сака промена. Ми посочи дека јас и Рики Масара сме отпуштени. Го прашав зошто го прави тоа, а тој ми порача дека тоа е производ на нарушениот однос кој сме го имале со Фурлани (извршниот директор).

– Никогаш во животот се немав пожалено за Фурлани, му го кажав тоа и во лице. Покрај оправдувањето за Фурлани, направи шега и за елиминацијата од Интер во полуфиналето во Лигата на шампионите. Може слободно да се каже дека неговите причини беа слаби и нелогични. Тој самиот знае дека сите поставени цели од стартот на сезоната беа сензационално надминати. Првичните цели беа: елиминација во групната фаза во Лигата на шампионите, да минеме една рунда во Лигата на Европа и да фатиме топ четири.

– Доколку сопствениците сакаат да ја променат организациската поставеност, имаат право на тоа, но во секој случај, треба да се запазат деталите и принципите. Покажаа големо непочитување и работите не одеа како што треба. Морав да преговарам за да најдеме договор, но јас веднаш му кажав на извршниот директор Фурлани дека последно нешто што сакам е спор со клубот. Му кажав дека тоа ќе биде втора тужба од клупска легенда во период од две години, откако веќе ја загубивме онаа со Бобан. Без оглед на се, мојата љубов кон Милан секогаш ќе биде безусловна, – вели Малдини во интервјуто за „Ла Република“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни