Поврзете се со нас

Италија

Малдини го одбележа 125. роденден на Милан: Никој не може…(ФОТО)

Објавено

на

Италијанскиот великан Милан минатиов викенд го прослави 125. роденден, 125 години од своето формирање, а единствената лоша вест е што екипата не успеа вистински да го заокружи овој убав момент затоа што „росонерите“ одиграа без победник во дуелот со Џенова.

Меѓутоа на едно место се собраа добро познати имиња, ама меѓу нив не беше легендарниот Паоло Малдини кој одлучи да не присуствува лично на свеченоста.

Сепак Малдини ги искористи социјалните мрежи и испрати јасна и емотивна порака која доволно говори колку неговото семејство почнувајќи од неговиот татко, тој и потоа синовите значат и се поврзани со клубот од Милано.

-Среќен 125. роденден! Никој никогаш не може да ја поткопа твојата врска со семејството Малдини, историјата и сеќавањата, –порача иконата на „росонерите“ кој имаше една непријатна епизода како технички директор, функција на која доби отказ на 6 јуни 2023 година.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни