Поврзете се со нас

Италија

Mалдини го издвои најтешкиот момент за Милан на патот до Скудетото (ВИДЕО)

Објавено

на

Милан по подолго време е најдобра екипа во Серија А и тоа откако успеа во неизвесна трка до последното коло да биде подобар од градскиот ривал Интер.

Ова беше прво Скудето за „росонерите“ по пауза од една деценија, резултат кој за многумина беше изненадување затоа што Милан не беше споменуван и ставан во главните фаворите за пехарот. Меѓутоа квалитетот и резултатите се потврдуваат на теренот и тоа најдобро го знае Паоло Малдини кој многу сезони како играч се радуваше на успеси со тимот од Милано, а сега тоа се обидува да го прави како оперативец.

-Бевме посилни, најконстантни, ги задржавме главите и бевме поподготвени да реагираме на тешкотиите. Да се сопневме против Аталанта, Фиорентина или Верона, немаше да го освоиме Скудетото, -вели Малдини во документарецот за „ДАЗН“.

Многумина го издвојуваат поразот на Интер од Болоња од 2-1 како клучен момент во сезоната, но за ова има што да каже директорот на „росонерите“.

-Не заборавајте дека ние загубивме два бода дома со Болоња, па секој што мисли дека има лесни натпревари во 2022 година ќе добие непријатно изненадување, -потенцираше Паоло кој потоа го издвои најтешкиот момент за Милан на патот до Скудетото.

-Се вративме од божиќната пауза и ни фалеа десет играчи против Рома поради повреди и КОВИД-19. Можеби тоа беше најтешкиот момент за нас, но ја надминавме таа пречка на одличен начин, -истакна Малдини.

Таа средба Милан ја доби со 3-1 иако пенал промаши Златан Ибрахимовиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни