Поврзете се со нас

Италија

Малдини ги прокоментира двете најболни сценарија од својата играчка кариера: Знаев дека нешто не е во ред после само 40 секунди!

Објавено

на

Паоло Малдини одработи пријатен разговор со Џакомо Порети и отвори многу теми кои беа поврзани за неговата директорска улога во Милан, но исто така се наврати и на своите играчки денови кои беа одбележани од безброј успеси на клупско ниво.

Легендарниот стопер освои се што можеше да се освои како член на Милан, но единствената „црна дамка“ во кариерата му е тоа што не освои ниту еден трофеј со Италија.

Малдини беше дел од четири Светски првенства, па иако беше повикан и за петтото во 2006-та година, тој самиот одби да биде дел од тимот кој подоцна стана светски шампион во Германија.

– Во 2006-та година Марчело Липи ми се јави и ме повика за мундијалот. Му се заблагодарив за се, но веќе имав доста проблеми и сакав последните години од кариерата да му ги посветам на Милан. Тоа лето Италија стана светски шампион, а јас си го мислев следното: После четири неуспешни обиди, изгледа јас сум бил проблемот.

Ова не е единствениот тежок удар во кариерата на Малдини, кој само една година претходно беше дел од најлудиот кам-бек во историјата на Лигата на шампионите, кога Ливерпул се врати од негатива од 3:0 во пресметката со Милан, за на крајот да победи на пенали.

– Постигнав гол во Истанбул после само 40 секунди игра. После голот кој го постигнав, си помислив дека е навистина чудно што јас постигнувам гол. Нешто не беше во ред и за жал испадна дека бев во право, – порачува Малдини.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни