Поврзете се со нас

Италија

Малдини ги откри плановите на Милан за зимскиот преоден рок

Објавено

на

Тимот на Милан бележи добри резултати во актуелнава кампања каде во моментов е на второто место во Серија А, додека пак во Лигата на шампионите се уште е во игра за пласман во нокаут фазата.

Ова секако е добра вест за клубот кој во изминаитве години беше далеку под своето ниво, реноме со тоа што секако најдобар начин да се заокружи големото враќање е освојување на титула. Дали Милан ќе успее во тоа ќе покаже времето, но она што е јасно е дека клубот нема да носи нови имиња во зимскиот преоден рок.

-Нашиот тим е конкурентен во моментов. Мислам дека нема ништо да направиме нешто. Но, разговорите се во тек за продолжување на договорите. Сè додека има време, сè уште има надеж, -порача директорот Паоло Малдини кој проговори и за престојната средба со Андриј Шевченко и неговата Џенова.

-Шева покажа дека има храброст. Ја сака оваа работа и прифати тешка задача. Тој е шампион и тоа ќе го докаже. Го поддржувам, но секогаш сакам да победувам, тоа е спортот. Сакам да победувам дури и кога играм пинг-понг со брат ми, -порача Паоло.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни