Италија
Малдини ги именуваше тројцата најдобри играчи кои ги видел во животот: Немав можност да играм против Меси….

Паоло Малдини бележи значителни резултати и како спортски директор на Милан, но оваа рана фаза во новата улога дефинитивно не може да се спореди со она што го направи на фудбалскиот терен.
Според сите фудбалски аналитичари, Малдини е еден од најдобрите дефанзивци на сите времиња, па токму поради тоа, неговата последна изјава предизвикува посебно внимание во јавноста.
Легендарниот стопер на Милан вчера се израдува на големата победа која ја оствари Милан над Наполи во Лигата на шампионите, но истовремено доста популарна стана една негова изјава дадена за „ДАЗН“.
Малдини ги набројал тројцата најдобри играчи против кои играл во кариерата, но потоа се поправил и ги посочил тројцата најдобри кои ги видел во својот живот.
– Марадона, Роналдо Бразилецот и Платини се најдобрите играчи против кого имам играно во кариерата. Немав можност да играм со Меси во кариерата и тоа беше моја среќа. Според мене, Марадона, Р9 и Меси се најдобрите играчи кои сум ги видел во животот, – потенцира Малдини.
-
Англијапред 23 часа
Супер компјутер ја предвиде завршната табела во Премиер лигата (ФОТО)
-
Шпанијапред 22 часа
Чави по неочекуваниот кикс на Барселона: Очигледно е дека имаме една слаба точка
-
Италијапред 23 часа
Драма кај шампионот: Наполи шокираше и со спорно видео го исмеа Осимен, напаѓачот размислува да поднесе тужба!
-
Англијапред 20 часа
Тен Хаг брутално искрен за играч на Јунајтед: Не беше на потребното ниво и го изгуби местото
-
Англијапред 22 часа
Гвардиола искрен за една ѕвезда на Сити: Не успеав да го извлечам најдоброто од него
-
Англијапред 21 час
Артета остана без најважниот офанзивен играч: Колку и да внимаваме…
-
АТПпред 11 часа
Алкарас за првото место на Ѓоковиќ: За тоа размислувам на секој тренинг и турнир…
-
Германијапред 21 час
Фановите на Баерн испратија порака прекинувајќи го куп дуелот со тениски топчиња (Видео)