Поврзете се со нас

Италија

Малдини брзо го реши голманскиот проблем во Милан и ангажираше слободен агент (Фото)

Објавено

на

Милан доста брзо го реши голманскиот проблем кој ненадејно се јави во последните неколку часа, па откако соопшти дека операцијата на Мањан минала успешно и дека првиот чувар на мрежата ќе се врати за два ипол месеци, стигна потврда и за најавениот голмански ангажман.

Легендарниот Паоло Малдини беше принуден да ги засука ракавите и да пронајде нов голман, бидејќи покрај Мањан, во аут до јануари е и третиот голман Плицари. Во таква ситуација, единствен расположлив голман до вечерва беше Татарушану, но тренерот Пиоли сега повторно ќе има избор за круцијалната позиција во поставата.

„Росонерите“ го договорија Антонио Миранте, искусниот 38-годишен чувар на мрежата кој пристигнува на „Сан Сиро“ како слободен агент, откако последно настапуваше за Рома.

– Милан го потврдува ангажманот на Антонио Миранте. Договорот е во времетраење до крајот на сезоната која веќе е во тек.

– Во неговата играчка кариера, Миранте бранеше за Кротоне, Сиена, Јувентус, Сампдорија, Парма, Болоња и Рома. Во Милан, реши да го носи дресот со број 83, – гласи објавата на Милан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни