Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Малдини: Анчелоти го предвиде и финалето на Лигата на шампионите

Објавено

на

Foto:acmilan.com

Милан ќе се соочи со сезонава одличниот Наполи во четвртфиналето на Лигата на шампионите, а спортскиот директор Паоло Малдини е убеден дека неговиот клуб има шанси да стигне и до финалето во Истанбул.

Како „доказ“ го посочи разговорот со Карло Анчелоти уште по ждрепката, а во кој поранешниот тренер на „росонерите“ го предвидел финалето.

– Анчелоти, кој сега го води Реал, има нерасчистена работа со Истанбул.

– По ждрепката, ми се јави и ми рече: Паоло, се гледаме во Истанбул, во ред? – изјавил Малдини алудирајќи на поразот на Милан со голем пресврт на Ливерпул во 2005 година, кога Анчелоти беше тренер, а Малдини капитен на „росонерите“.

Анчелоти се наметна како добар прогнозер откако шпанските медиуми пронајдоа снимка на која му навестува на тренерот на Осасуна дека ќе се сретнат во финалето на шпанскиот Куп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни