Поврзете се со нас

Свет

Малатијаспор потврди: Трагично заврши потрагата по голманот Туркаслан (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/YMSkulubu

Катастрофалниот земјотрес во Турција погоди неколку региони во оваа земја, па поради тоа, сите спортски активности беа прекинати сите клубови се придружија како доброволци во обидот да се спасат што е можно повеќе луѓе.

После повеќе од 24-часовна потрага, Кристијан Атсу имаше среќа и беше пронајде жив под урнатините во зградата во која престојувал, но за жал, таква среќа немал голманот на Јени Малатијаспор.

Клубот оваа вечер соопшти дека потрагата по голманот Ахмет Ејуп Туркаслан завршила трагично, откако било пронајдено неговото тело под рушевените без знаци на живот.

– Нашиот голман, Ахмет Ејуп Туркаслан, го загуби животот откако беше под урнатините од земјотресот. Почивај во мир. Нема да те заборавиме, убав човеку, – гласи тажната објава на Малатијаспор.

Младиот голман имаше само 28 години, а веста за неговата смрт ја потресе и новинарката која ја дозна лошата информацијата од лице место.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни