Ракометарките на Металург доживеаа убедлив пораз од Ринкон Фертилидад Малага од 31:14 во првиот меч од третото коло на Челинџ-купот.
Клубот од Шпанија беше апсолутен фаворит и тоа го докажа на теренот каде веќе по првиот дел направи позитива од 17-8 за да истата дополнително ја зголеми во продолжението од средбата.
Гајиќ со 5 гола беше најефикасна кај нашиот претставник, додека за победниците Арсенијевиќ беше стрелец на 7 погодоци. Втората средба се игра в недела, со почеток во 12 часот.
Facebook Коментари