Поврзете се со нас

Германија

Мала утеха за Борусија: Белингем е играч на сезоната во Бундеслигата (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/BVB

Борусија Дортмунд пропушти голема шанса да ја круниса сезоната на најдобар можен начин и да ја освои титулата во Бундеслигата, па тоа што требаше да претставува големо славје, на крајот се претвори во големо разочарување.

Мајнц ги шокираше сите на „Сигнал Идуна парк“ и титулата повторно замина во рацете на играчите на Баерн Минхен, а можеби клучен фактор за последниот кикс на Борусија беше неиграњето на најдобриот фудбалер.

Џуд Белингем се мачеше со повреда цела претходна недела и не успеа навреме да закрепне за саботното финале, но на крајот остана на клупа и не одигра ниту една минута во ремито со Мајнц.

Белингем беше видно разочаран по последниот судиски свиреж и ја тргаше камерата која го стави во фокусот, свесен дека си оди од Борусија на најсуров можен начин.

Англискиот репрезентативец се очекува да направи трансфер во Реал Мадрид наредните неколку дена, а за него сигурно премала утеха ќе биде и што денеска го доби признанието за најдобар играч во Бундеслигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни