Мал проблем за Хајнкес: Дуел на двајца соиграчи на тренинг на Баерн

hames-rudi

Последниот тренинг на Баерн Минхен бил прекинат поради обидот за физичка пресметка меѓу Хамес Родригез и Себастијан Руди, инцидент кој малку ја пореметил атмосферата во редовите на германскиот шампион.

Баерн се подготвува за претстојното коло во Бундеслигата, а Хамес и Руди влегле во дуел со многу меѓусебни навреди, додека поискусните колеги предводени од Рибери и Боатенг спречиле физичка пресметка.

hames-rudi1

Баварците во недела го играат првиот натпревар на домашен терен во 2018 година и тоа против Вердер, а нема сомнежи дека искусниот Јуп Хајнкес ќе најде начин како да се справи со завојуваните фудбалери. За да поминат полесно, на Хамес и Руди ќе им помогне и фактот што според германските медиуми, на крајот тие сепак си подале рака.

Facebook Коментари