Максимов со гол во завршницата ја прекина лошата серија на Вардар, Скопје освои важни три бода во борбата за опстанок

barsegjan-pandev

Триесет и петтото коло во Првата македонска фудбалска лига не донесе никакви возбудувања кога е во прашање врвот на табелата, но затоа денеска на програмата беше мечот кој ни донесе директна пресметка меѓу тимовите кои се борат за опстанок во елитата.

Скопје успеа да освои исклучително важни три бода во борбата за опстанок во диретната пресметка со Победа, откако ова попладне на „Автокоманда“ славеше со минимални 1:0 благодарение на голот од пенал кој го постигна Алексовски. Со минималната победа, Скопје сега се израмни со Победа и поради подобриот меѓусебен дуел се искачи на осмото место кое носи бараж средба за опстанок во првата лига, но сепак повеќе од јасно е дека комплетниот расплет ќе го знаеме по одигрувањето на последното коло во кое Скопје ќе игра со Работнички, а Победа со Ренова.

По три меча без победа, денеска поволен резултат конечно оствари и Вардар кој на домашен терен во неизвесен натпревар славеше со 3:2 над Академија Пандев, а мечот беше решен во 89-та минута кога гол постигна Максим Максимов. Претходно, истиот играч погоди и на стартот на вториот дел кога го неутрализираше водството на госстите кои поведоа со голот на Пандев, а останатите двајца кои се запишаа во листата на стрелците беа Барсегјан за Вардар, односно Марков за Академија Пандев.

Шкендија продолжи да гази во домашното првнество и покрај тоа што веќе ја има осигурано титулата, па така денеска на менито на тетовци се најде Ренова која загуби со 0:3 на домашен терен. На останатите два меча од претпоследното коло, Силекс и Работнички ремизираа 0:0, а Шкупи го победи Пелистер со 0:2.

Facebook Коментари