Поврзете се со нас

Италија

Макс објасни зошто Клоп не е опција за Баерн, Мурињо не е отпишан

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Баерн Минхен ќе остане без тренер по крајот на актуелнава сезона затоа што пред некое време беше договорено Томас Тухел да се повлече од сегашната функција.

Во јавноста се вртат повеќе имиња како можни наследници на Тухел, а едно од нив е Јирген Клоп кој пред неколку месец објави дека си оди од Ливерпул и дека планира да одмори, ги наполни батериите. Меѓутоа и покрај овие зборови на Јирген тој е поврзуван со германскиот првак од каде пак се огласија на оваа тема со јасен став.

-Знам што значи кога давате изјави како Клоп кој рече: „Немам повеќе енергија“. Малкумина можат да го проценат тоа подобро од мене бидејќи јас тоа го поминав. Луѓето се на прво место. Затоа нема да му се јавам, -порача оперативецот на „баварците“, Макс Еберл кој пак не ја исклучи опцијата Жозе Мурињо.

-Се разбира бараме тренери кои се моментално достапни. Жозе учи германски? Не знам- истакнал Макс за „Билд“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни