Поврзете се со нас

Англија

Макрон воодушевен од Канте: Се надевам дека ќе ја освои „Златната топка“

Објавено

на

Н’Голо Канте се наметна како потенцијален кандидат за престижната „Златна топка“ со одличните игри во дресот на Челси и придонесот во освојувањето на титулата во Лигата на шампионите.

Французинот стана фаворит на голем број фанови, но и поранешни фудбалери, а сега добил поддршка и од францускиот претседател Емануел Макрон.

Макрон реализирал интервју откако ја посетил репрезентацијата во тренинг кампот и им посакал среќа на избраниците на Дидие Дешамп.

– Канте е одличен фудбалер исто како Мбапе и е пример за младите во нашата држава.

– Кога ќе ја погледнете сезоната која ја имаше, се надевам дека ќе ја освои „Златната топка“ и тоа по успешен настап на Европското првенство.

– Тој и Килијан се добри момци, а исто така се лојални кон клубовите во кои настапуваат, – изјавил Макрон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни