Карате
Макпетрол се врати од силниот турнир во Хрватска со два златни медали и вкупно пет одличја

Изминатиов викенд во Самобор, Хрватска се одржа најмасовниот и најквалитетниот Меѓународен карате турнир „Гранд при Кроација“, на кој значителен успех остварија каратистите и каратистките на Макпетрол.
Македонскиот тим се враќа од Хрватска со вкупно пет одличја, од кои два златни, два сребрени и еден бронзен медал, што е голем успех од турнирот на кој учествуваа 1800 каратисти.
– Задоволни сме од настапот на нашите каратисти на овој турнир. Макпетрол на турнирот настапи со вкупно 10 каратисти. Репрезентативците Петар Заборски, Петар Спасеновски и Глигор Петков настапија на ревијалниот турнир во сениорска конкуренција, во апсолутна категорија. Тројцата наши сениори имаа по неколку победи и задоволни сме и од нивниот настап. Турнирот претставува главна контрола за возрасните категории на кадети, јуниори и постари јуниори (У21). Терминот за одржување на овој турнир секогаш е непосредно пред терминот за официјалното европско првенство за овие возрасни категории. Па од таа причина најголем број на национални репрезентации, последните свои проверки ги прават на овој натпревар, оваа година учествуваа национални тимови од 25 (дваесет и пет) држави. Планот за учество на младинскиот тим на Макпетрол на овој силен турнир, беше да се направи контрола на спортската форма на репрезентативците кои треба да настапат на европското првенство во Ларнака, Кипар од 03-05 февруари 2023 година, – изјави тренерот Заборски.
Резултати У-21:
-84 кг
Витомир Трајковски -84 кг златен медал
Витомир Трајковски – Андреј Ангеловски 3-0
Витомир Трајковски – Сотипос Трагас од Грција 2-0
Витомир Трајковски- Антонио Мартиќ (Хрватска) 2-0
Витомир Трајковски – Јакуб Полијак (Словачка) 1-0
Финале
Витомир Трајковски – Андреј Ангеловски 3-0+84 кг
Стефан Стојановиќ – сребрен медал
Стефан Стојановиќ – Урош Миркуљевиќ (Словенија) 10-0
Стефан Стојановиќ – Лука Квесиќ (Хравтска) 3-0
Стефан Стојановиќ – Дарио Глухиниќ (Хрватска) 1-1
Стефан Стојановиќ – Сандро Кресиќ (БиХ) 0-4
Викторија Јовановска – Емина Шиповиќ (БиХ) 3-7
Репасаж
Викторија Јовановска – Лаура Лисац (Хрватска) 1-0
За бронза
Викторија Јовановска – Марина Куртеш (БиХ) 8-2
Резултати – јуниори -ки
Јована Мицовска јуниорка -59кг Златен медал
-59 кг – златен
Јована Мицовска – Ирене Муртано (Италија) 1-0
Јована Мицовска – Бланка Полоњова (Словачка) 0-0
Јована Мицовска – Емануела Коцкаревиќ (Хрватска) 3-0
Јована Мицовска – Дарја Шнајдер (Хрватска) 2-0
Финале
Јована Мицовска – Невена Филипов (Србија) 1-1
-75 кг – сребрен
Димитар Лозановски – Тео Црногај (Хрватска) 3-2
Димитар Лозановски – Фарис Синановиќ (БиХ) 4-1
Димитар Лозановски – Цене Божиќ (Словенија) 4-1
Димитар Лозановски – Тома Милета (Хрватска) 2-1
Финале
Димитар Лозановски – Марио Јануци (Италија) 1-5
-
НБА23 часа
Тренерот на Лејкерс најави кога очекува деби на Дончиќ во новиот тим
-
НБА16 часа
„Кралот“ во елемент: Леброн даде три тројки за 48 секунди и ја запали публиката во Лос Анџелес (ВИДЕО)
-
Франција12 часа
Магичен дебитански гол на Кварацхелија, ПСЖ со лекција за Монако (ВИДЕО)
-
Балкан22 часа
Далиќ одбил понуда со која ќе станел најплатен селектор во светот
-
Англија12 часа
Мегваер погоди во „последен час“, Јунајтед со пресврт до осминафиналето во ФА Купот (ВИДЕО)
-
Формула 123 часа
Откриени платите на Ф1 возачите: Две ѕвезди се далеку пред останатите ривали
-
НБА19 часа
Баркли, О’Нил и Смит ги избраа Ол-стар тимовите: Јокиќ, Јанис и Шеј во ист тим
-
Франција14 часа
„Светците“ со потег за кој ќе се зборува: Седум нови потписи во ПСЖ за еден еден (ВИДЕО)