Автомобили
„Макпетрол“: Регулаторната комисија предизвикува несигурност на пазарот

Компанијата „Макпетрол АД“ со соопштение реагираше на една од одлуките на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, а истото го пренесуваме во целост.
– Во врска со одлуката на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕ), донесена на 22 октомври 2020 година, за определување на ескалираната густина и деескалираната густина на секој нафтен дериват и гориво за транспорт, висината на надоместокот за премија, транспортините трошоци до склад во Република Северна Македонија, висината на надоместокот за трошоци за работење преку склад и трговска маржа со вклучени транспортни трошоци од склад до бензински станици и крајни потрошувачи, како компанија сакаме да го искажеме нашето несогласување, со истата.
Со оваа одлука РКЕ повторно ја потврди својата нестручност и селективна примена на Законот за енергетика, а дополнително во образложение на предметната одлука наведува невистинити информации.
Поради нестручноста и селективноста на членовите на РКЕ, Макпетрол АД како и многу пати до сега, повторно бара либерализација на пазарот односно, слободен пазар при формирање на цените на нафтените деривати. Впрочем, исто како што е либерализиран пазарот и во земјите членки на Европската Унија, со кои РКЕ ги прави споредбите.
Ваквото однесување на членовите на РКЕ создава само штети и несигурност на пазарот, бидејќи нафтените компании преку овие несовесни политики се спречени да инвестираат во својот развој, како и во развојот на своите вработени, – стои во соопштението на „Макпетрол“.

- Шпанијапред 21 час
Урнебес во Валдебебас: Ѕвезда на Реал мораше да вика влечна служба за својот Ролс Ројс вреден 300 илјади евра (Видео)
- Англијапред 23 часа
Мурињо со коментар за фудбалското шоу на Бејл кое ја воодушеви Англија: Сега изгледа како играч…. (Видео)
- Англијапред 21 час
Лук Шо откри какво чудно објаснување добиле играчите од судијата Атвел за недосудениот пенал
- Светпред 20 часа
Тадиќ предизвика хаос со капитенот на ПСВ во 92. минута, па едвај влезе во автобусот на Ајакс (Видео)
- Италијапред 24 часа
Лукаку: Интер сака да се подобрува, Роналдо…
- Англијапред 22 часа
Солскјер незадоволен по дербито: Не добивме чист пенал
- Шпанијапред 18 часа
Жоао Феликс го замолкнуваше Симеоне, тренерот на Атлетико му одговори со стил (Видео)
- Англијапред 10 часа
Сколс шокиран од заклучокот на Тухел: Дефинитивно гледал друг натпревар!