„Макпетрол“ предупредува за непостоечка наградна игра на лажна ФБ страна

makpetrollazenprofil

Компанијата „Макпетрол АД“ вечерва преку соопштение ја информира македонската јавност и своите ценети потрошувачи за злоупотребата на името и логото на компанијата, за активирање лажна Фејсбук страна и непостоечка наградна игра.

Во продолжение соопштението на „Макпетрол“:

– Макпетрол АД ја информира јавноста дека фејсбук страната со име „Макпетрол Ултра“ не е официјална фејсбук страна на нашата компанија и нејзиниот креатор го злоупотребил името и логото на нашата компанија и бренд.

Дополнително, ја информираме јавноста дека наградната игра објавена на оваа фејсбук страна не е во организација на Макпетрол АД и претставува ширење на лажни информации, односно доведување на потрошувачите во заблуда.

Фејсбук страната со име „Макпетрол Ултра“ не треба да ја прифатите како релевантен извор на информации поврзани со Макпетрол АД.

Ја поттикнуваме јавноста да ги следи нашите официјални интернет канали, фејсбук страна „Макпетрол Ultra“, веб страните „www.makpetrol.com.mk и www.verna.mk“, како и твитер профилот „MakpetrolUltra“ преку кои ќе може да се информираат сите заинтересирани потрошувачи за најновите производи, акции, поволности, како и за официјалната наградна игра „Верна повторно наградува“.

Со почит,
Макпетрол АД

Facebook Коментари