Карате
Макпетрол освои 13 медали и беше убедливо најуспешен на Државното карате првенство

Викендов (18.02.2023), во Скопје се одржа Државното првенство во карате за сениори. во борби и кати. Каратистите на Скопски Макпетрол не дозволија промена на врвот во генералниот пласман на првенството и тие повторно се најуспешен клуб на овој Државен шампионат. Макпетрол е најуспешен клуб со вкупно освоени 13 медали – 6 златни, 5 сребрени и 2 брозени. Олимпик спорт е втор со 9 медали (3-4-2), а Фунакоши Гичин е трет 6 (2-2-2). Sледат Гладијатор 4 (2-1-1), Штип 2 (2-0-0), Металург 2 (1-0-1) и Вардар 2 (0-1-1).
Државни прваци во своите тежински категории станаа:
1.Петар Заборски -75 кг
2.Анѓела Мојсовска -68 кг
3. Стефан Стојанович + 84 кг
4.Петар Спасеновски -84 кг
5.Екипно борби мажи златен медал состав ( Петар Заборски (капитен), Петар Спасеновски, Давид Петков, Стефан Стојанович, Глигор Петков, Витомир Трајковски,)
6. Женскиот тим во борби ( Симона Заборска (капитен), Викторија Јовановска, Ангела Мојсовска, Јована Мицковска и Марија Петровска)
Сребрени медали освоија спортистите:
7.Марија Петровска -50 кг
8.Јована Мицовска -61
9.Давид Петков -67
10.Витомир Трајковски -84 кг
11 Глигор Петков +84 кг
Бронзени медали
12.Симона Заборска -61 кг
13.Викторија Јовановска -61 кг
– Задоволни сме од постигнатото и од прикажаните борби на сите наши спортисти. Најважно од се е тоа што повторно демонстриравме и прикажавме модерно и врвно карате. Сите наши натпреварувачи покажаа спортска зрелост да го облечат националното кимоно и да станат составен дел на репрезентацијата. Имаме освоено 6 (шес) златни медали, но и 5 (пет) сребрени, кои лесно можеа да бидат златни медали. Во поединечна конкуренција имавме успешни настапи во машка конкуренција, па така да финалните борби во полутешка и тешка категорија беа со спортисти од Макпетрол. Исто така Петар Заборски и Ангела Мојсовска покажаа голема натпреварувачка созреаност и имаа одличен настап, – изјави тренерот Бошко Заборски и додаде.
– Сакам да истакнам дека во екипните натпревари во дисциплината борби имавме исто така одлично преставување на нашите тимови. Во екипните натпревари славевме и освоивме златни медали и во машка и во женска конкуренција, двата тима на Макпетрол се Државни шампиони. Кај мажите во финалниот натпревар Макпетрол со максимален резултат и супериорно веднаш после првите три борби поведе со 3-0 во победи, и со максимален резултат го победи машкиот тимот на Олимпик – Скопје.
– Додека пак во финалниот меч во женска конкуренција екипно борби, имавме одлично финале каде што во интересни и неизвесни борби успеавме и овој натпревар да го решивме во наша корист во една неизвесна борба дојдовме до победата во последните секунди од третата борба, поуспешни беа повторно Макпетролките, сега во женска конкуренција против тимот на Олимпик и го поразија со резултат 2-1, – заврши Заборски.
-
Шпанијапред 15 часа
Анчелоти со комплименти за Родриго: Тој е наш најдобар играч по СП
-
Италијапред 14 часа
Три ѕвезди на Јувентус денес ќе се збогуваат со фановите, важен играч на Алегри го пропушта дербито
-
Англијапред 17 часа
Фердинанд нема дилеми: Јунајтед има поуспешна сезона од Арсенал
-
Германијапред 15 часа
Салихамиџиќ по отказот од Баерн: Многу сум емотивен, ситуацијата не е лесна…
-
Англијапред 13 часа
Џака се „збогуваше“ со Арсенал во пресрет на последното коло
-
Шпанијапред 11 часа
Барселона договорила засилување од Вулверхемптон
-
Францијапред 18 часа
Мбапе „нокаутираше“ девојка со топка, па со убав гест покажа дека е џентлмен (ВИДЕО)
-
Англијапред 9 часа
„Бомбата“ на Дукуре му донесе опстанок на Евертон, Лестер и Лидс се нови второлигаши (Видео)