Макпетрол објави детали за матни игри во нафтениот бизнис, но и околу загадувањето во Македонија!

press andrea makpetrol

Во годината кога компанијата „Макпетрол“ прославува јубилеј од 70 години постоење, директорот Андреа Јосифовски преку средба со новинарите реферираше за резултатите од работењето, како и за неговите видувања за ситуацијата во Македонија околу трговијата со нафтените деривати.

Во дел од своето излагање Јосифовски посочи дека компанијата не се впуштила во ризици за трговија на големо, упатувајќи дека повеќето од тендерите (околу 90%) биле неповолни за нив и ги добивале компании кои нуделе голема разлика во цената. За тоа да се постигне, Јосифовски смета дека има три можности: (а) да постои нелегален увоз на нафта, (б) крајниот потрошувач да не го добие целото количество и (в) наместо 100% чист производ да се испорачува гориво добиено со намешување.

Оттука, тој посочи дека Македонија има енормно висока потрошувачка на екстра лесното гориво, кое според негови проценки е до 7 пати поголемо од потребите на државата. Екстра лесното гориво го заменува дизелот, но според своите својства има 100 пати поголемо загадувачко дејство од дизелот (1000 ппм честички наспроти 10 ппм честички), а на крајот доаѓа и фактот дека увозот на екстра лесното гориво има пониска акциза од дизелот за четири пати, па на посочената количина, во државната каса има 25 милиони евра помалку само по тој основ.

Јосифовски повика органите на државата да бидат на нивото на задачата, а упати на тоа дека во земјата постојат две акредитоирани лаборатории за испитување на квалитетот на горивото.

Меѓу деталите кои ги објави, првиот човек на Макпетрол упати на тоа дека цената на светската берза паѓала во континуитет неколку години, за енергенсите со кои се снабдува системот за централното греење, а крајните корисници не добиле поевтинување на услугите.

Тој се осврна на обидите за преземање на Макпетрол, како и на моментите околу издавањето на лиценците за работа, упатувајќи дека за истите постои вина кај претставници на државните институции, поради што компанијата ќе бара одговорност од надлежните лица кои со своето делување го попречиле нивното нормално функционирање.

Facebook Коментари