„Макпетрол“ ја промовираше апликацијата Verna GO

Photo 2

Компанијата „Макпетрол АД“ денес организираше средба со новинарите, на која ја промовираше новата мобилна апликација „Верна GO“, истакнувајќи ја тенденцијата на компанијата кон развој и иновации и која на корисниците ќе им овозможи транспарентна информација за услугите и производите кои ги нуди Макпетрол АД.

„Макпетрол АД, како и досега, преку вакви и слични проекти го подига нивото на услугата. „Верна GO“ е одличен спој меѓу модерната технологија и транспарентниот систем, наменета за домашните и странските корисници на нашите производи и услуги. Оваа современа и корисна мобилна апликација овозможува потрошувачите да бидат подобро информирани, за да можат полесно да ги планираат своите патувања. Апликацијата овозможува лесно пронаоѓање на најблиската бензинска станица, новости, како и информација за цените на горивата“. – изјави Мишко Тасевски, раководител на сектор маркетинг во Макпетрол АД.

Photo 5

Игор Јосифов, инженер-програмер во Макпетрол АД, ја презентираше новата мобилна апликација, како и нејзината функционалност и притоа нагласи:
„Верна GО“ овозможува погодно позиционирање со помош на GPS координати преку кои корисниците ги води до посакуваната бензинска станица на територијата на Македонија. „Верна GO“ апликацијата е достапна за сите корисници на платформите Android и iOS и официјално се download-ира преку сервисите GooglePlay и AppStore. Истата функционира и off line, што значи дека нема дополнителен трошок при нејзиното користење, а јазиците кои се достапни се македонски, албански и англиски. Со кликнување на една од бензинските станици се добива информација за тоа какви горива истата нуди и информација за дополнителни услуги што ги нуди избраната бензинска станица. Дополнително, мобилната апликација на Макпетрол АД ќе ги корисниците информира за сите промоции и програми кои ги нуди компанијата, како од програмата за лојалност Верна, така и од идните програми и промоции кои Макпетрол ќе ги лансира за своите лојални потрошувачи“. – додаде Јосифов.

Facebook Коментари