Поврзете се со нас

Автомобили

Макпетрол ја подобрува понудата и го воведува метанот

Објавено

на

Преку презентација на новиот подобрен концепт на бензинската станица Партизанска, проект кој целосно е посветен на подобрување на услугата, Макпетрол ги откри своите планови за иднината во кои ќе се движи компанијата со идеја да биде целосно посветена кон потрошувачите.

На прес конференцијата беше потенцирано дека од иновации и подобрување на работата никогаш не е доста, а новитетите што сега се нудат го зацртуваат патот за иднината.

– Макпетрол, како и секогаш досега, преку вакви и слични проекти ќе го подига нивото на услуга. Подобрувањето на ентериерот и екстериерот на бензинските станици, како и воведувањето нови содржини и производи е со цел позитивното искуство на нашите потрошувачи да биде уште поцелосно. Свесни сме и за важноста на квалитетот на услугата, па затоа нашите вработени ќе се потрудат Вашата посета на бензиските станици секогаш да биде пријатна,-изјави директорот за малопродажба, Љупчо Георгиевски.

Во новиот концепт на Макпетрол и овој пат не изостанува грижата за животната средина, па затоа даден е акцент и на Метанот, природен гас што се применува како моторно гориво кај возилата на бензин и на дизел гориво, како нивна поекономична и почиста замена.

– Примената на ова гориво на глобално ниво е во постојан пораст. Во моментов, во светот околу 13 милиони возила се на погон на метан, од кои над еден милион се во Европа. Просечната годишна стапка на пораст на возилата на погон на метан во Европа во изминативе години изнесува 14%. Двата силни фактори што ја наложуваат широката и перспективна примена на метанот се економичноста и заштитата на животната средина. Со неговата примена, потрошувачите ги користат економските предности, а придобивките од аспект на намалување на емисијата на штетните издувни гасови ги користи и пошироката заедница.

Макпетрол досега изгради три метански станици, првата е во кругот на ЈСП Скопје, а другите две се во состав на бензинските станици во Куманово и Влае. Бензиската станица Партизанска ќе биде четврта, но не и последна што на потрошувачите ќе им го нуди ова гориво. Макпетрол во иднина планира да отвори неколку станици за полнење метан низ републиката, со што ќе создаде ефикасна мрежа наменета за возилата што го користат метанот како погонско гориво

Креативноста воопшто не изостанува во современиот концепт на Макпетрол, а тоа се покажа за време на дружењето со новинарите, со проекцијата на документарниот филм „Патот на боцата“, преку кој беа презентирани целосно стандардизираните процеси на работа, сè со цел купувачот да добие квалитетна, сигурна и брза услуга.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни