Поврзете се со нас

Автомобили

Макпетрол Инфо Поинт: Празен акумулатор – како правилно да го стартувате возилото

Објавено

на

blank

Старите и ослабнати акумулатори се први на удар од ниските температури во зима, но како правилно да го стартувате моторот со помош на кабли или без нив, без да чекате сервис или помош.

Акумулаторот на возилото со текот на годините полека губи од својата моќност, што значи дека едно утро, кога најчесто брзаме за на работа, моторот нема да стартува. Ова е особено можно во текот на студените зимски денови, кога ниските температури ја намалуваат неговата сила, а при возењето користиме повеќе потрошувачи како што се: парно, грејачи или бришачи.

Во таква ситуација имате избор да чекате сервис или да пробате сами да го стартувате возилото со кабли или со придвижување. Но, за да го направите правилно тоа, без да го оштетите автомобилот, следете ги овие неколку чекори. Ако имате сет помошни кабли ќе треба да побарате помош и од друго возило со исправен акумулатор.

Прво, доближете ги возилата – видете од која страна се акумулаторите на двете возила и потоа паркирајте го вториот автомобил со исправен акумулатор што поблиску до првиот автомобил со празен акумулатор. Внимателно тргнете ги сите заштитни делови од двата акумулатора и проверете дали помошните кабли се доволно долги.

blank

10696685 – auto repair.

Второ, внимавајте која страна е плус на акумулаторот – најчесто плусот е јасно означен и со црвено, а минусот со сино капаче. Потоа, внимателно поврзете го црвениот кабел, најпрво, на плусот на празниот акумулатор, а потоа на плусот на акумулаторот на исправното возило. Притоа, внимавајте да не допрете некој метален дел од возилото.

Потоа, поврзете го црниот кабел – едната штипка прикачете ја на минусот на акумулаторот на исправното возило, а потоа другиот крај од кабелот на некој метален дел од шасијата на првото возило, а не на минусот на празниот акумулатор.
Стартувајте го второто возило и оставете го да поработи пет минути во место – проверете дали се исклучени светлата, радиото или некои потрошувачи и пробајте да го стартувате првото возило.

Откако ќе го стартувате возилото, откачете ги каблите по обратен редослед и најдобро е автомобилот да го повозете или да го оставите да работи најмалку 15 минути за да може да се наполни празниот акумулатор.

Без кабли можете да пробате да стартувате само автомобил со мануелен менувач. Ако сте паркирани на надолнина, нема да имате потреба од туркање, но во спротивно ќе треба да најдете неколку волонтери да помогнат. Прво, дајте контакт и откочете го воланот на автомобилот, ставете во втора брзина и држете го куплунгот притиснат, сѐ додека пријателите не го придвижат возилото до темпо на брзо одење. Тогаш нагло ослободете го куплунгот и моторот ќе стартува. Откако ќе стартува моторот, повторно притиснете го куплунгот и оставете го моторот да работи во место некое време за да се наполни празниот акумулатор. За ова е потребно искуство и доколку не се чувствувате сигурни, подобро е да почекате да дојде сервис.

Запомнете, без разлика за кој начин ќе се одлучите, потребно е подоцна акумулаторот да го испита сервис и да провери дали е исправен. Ако акумулаторот се испразнил поради заборавени светла или радио, тогаш би требало да се врати во живот, но доколку откаже без никаква причина тогаш може да е поради истрошеност или, пак, некој поголем проблем со алтернаторот или електриката на возилото.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни