Поврзете се со нас

Автомобили

Макпетрол Инфо Поинт: ЕУ инвестира над две милијарди евра во 140 клучни транспортни проекти

Објавено

на

blank

Европската Унија на 16 јули 2020 година објави дека ќе инвестира над две милијарди евра во 140 клучни транспортни проекти за побрзо рестартирање на економијата, но и за тоа како што го најавува зелено рестартирање на Европската Унија.

Целта е поддршка на економското заздравување на сите земји членки со инјектирање на околу 2,2 милијарди евра во 140 клучни транспортни проекти, со кои ќе се изградат врски преку целиот континент, ќе се даде поддршка на одржливиот транспорт и ќе се отворат нови работни места.

Европската Унија ќе поддржи вкупно 19 проекти со околу 142 милиона евра за почисти горива во транспортот. Дел од проектите се за конвертирање на големи бродови на течен природен гас и соодветна пристанишна инфраструктура за нив, додека останатите проекти се во зголемување на инфраструктурата за алтернативни горива во патниот транспорт, меѓу кои и инсталација на 17 275 станици за полнење низ целата патна мрежа. Останатите девет проекти се за железничкиот транспорт.

Проектите ќе бидат финансирани преку ЦЕФ – Connecting Europe Facilitу – грантовата шема за поддршка на транспортната инфраструктура.

Од Европската комисија посочуваат дека со овој буџет ќе се помогне во остварување на целите на Европскиот зелен договор.

Европскиот зелен договор, претставен од Европската комисија во декември 2019 година, предвидува дека пристапот до ресурсите е стратешко и безбедносно прашање за Европската Унија во однос на нејзината амбиција за исполнување на планот за климатски неутрален континент до 2050 година.

Една од приоритетните области на договорот се алтернативните горива и забрзување на трансферот кон одржлива и паметна мобилност. Транспортот според Извештајот на Европската комисија учествува со една четвртина во целокупната емисија на стакленички гасови во Европската Унија. За постигнување на климатска неутралност, според процените, потребно е намалување од 90 проценти на емисијата од транспортот до 2050 година, како што се: патничкиот, железничкиот, авионскиот и водениот транспорт, сите тие, ќе треба да придонесат кон намалувањето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни