Автомобили
Макпетрол го обезбеди целото расположиво гориво на Окта

Најголемата и најреномираната компанија кај нас за трговија со нафта и нафтени деривати, АД Макпетрол, денеска со ново соопштение до јавноста упати порака дека се очекува нормализирање на снабдувањето со горивата.
– Состојбите на глобалните нафтени пазари се менуваат секојдневно, цените постојано се зголемуваат, а како резултат на тоа, снабдувачите се соочуваат со проблеми при навремената достава на горива до своите партнери,- се вели во соопштението.
Компанијата појасни дека уште во раните утрински часови го обезбеди сето расположливо гориво од „Окта“, а истото во текот на денешниот ден и во ноќните часови ќе биде испорачано на локациите на „Макпетрол“.
– Побарувачката на горива во земјава изминативе денови е енормно зголемена, а меѓу главните причини за тоа се шпекулациите и гласините во јавноста дека ќе има недостаток, како и цените на светските берзи. Дополнително, снабдувањето беше отежнато затоа што нашиот дистрибутер „Окта“ во недела не работи. Исто така, и во Грција, од каде што се набавува горивото, недела е неработен ден, а и овој понеделник е државен празник. Сето ова придонесе да се појави привремен недостаток на дизел-гориво на некои наши бензински станици – истакнуваат од „Макпетрол“.
-
Шпанијапред 6 часа
Таткото на Меси: Се надевам Лео ќе се врати во Барселона
-
Англијапред 10 часа
Клоп: Јас сум виновен за промашениот пенал на Мане (ВИДЕО)
-
Германијапред 7 часа
Мајсторија која ќе се врти: Соиграч на Чурлинов постигна гол од половина терен (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 10 часа
Симеоне ја потврди разделбата со Суарез
-
Италијапред 9 часа
Мурињо во свој стил: Конференциската лига е поважна од Скудетото
-
Италијапред 7 часа
Наинголан: Го видовте ли Брозовиќ? Јас тоа да го направев…
-
Италијапред 13 часа
Новиот агент на Погба оди во Торино на финални преговори со Јувентус
-
Македонијапред 2 часа
Инфаркт завршница во Кавадарци: Талески со гол во последната акција го остави Пелистер и без Куп трофејот!