Макпетрол ги додели наградите и најави нова и поинтересна наградна игра

makeptrol quad 2019

Макпетрол денес, во продажно-сервисниот салон на Хонда ги додели наградите од шестото редовно и третото мастер коло од наградна игра „Со ВЕРНА полни и секогаш добиј“.

На настанот свое учество земаа претставници од Макпетрол АД, како и најсреќните добитници.
„Макпетрол е компанија со долгогодишна традиција, при што континуирано вложува во долгорочни проекти што се од особено значење кога говориме за подобрување на квалитетот на горивата и услугите наменети за нашите потрошувачи. Во изминатите неколку години ние сме во непрекинат инвестициски циклус за подобрување и осовременување на постојните и изградба на нови бензински станици, со што станавме сигурен партнер како на нашите верни потрошувачи, така и на пошироката општествена заедница.

– Оваа наградна игра нам ни е особено важна, затоа што имавме можност да ја креираме за нашите верни потрошувачи кои преку користење на нашите горива и услуги веќе се, или ќе бидат добитници на вредни награди. Можеме слободно да кажеме дека ова е една од најголемите наградни игри во Македонија. Исто така, нашата Верна програма за лојалност е една од најпопуларните програми од таков вид во земјата. Веќе имаме 175.000 членови на ВЕРНА програмата и таа бројка од ден на ден постојано се зголемува. Оваа бројка за нас како компанија е најголемо признание за напорната работа и континуираното ангажирање во насока на достигнување што поголем број задоволни корисници. Тоа за нас претставува поттик за понатамошно усовршување и грижа за сите корисници на палетата производи и услуги што ги нуди Макпетрол и истовремено претставува уште еден силен доказ за взаемната доверба која е основен принцип во работењето на нашата компанија. Ги охрабруваме верните потрошувачи, како и досега да продолжат да ни ја даваат нивната доверба, затоа што ќе имаат можност да освојат вредни награди во наредните 3 редовни и 1 мастер коло и секако финалното мастер коло кои се пред нас до крајот на оваа година. Сакам да потсетам дека сите лојални корисници што имаат впишано најмалку 10 поени на својата Верна картичка за лојалност, се потенцијални добитници на широката палета награди. За оние кои сеуште не го исполниле условот за учество во наградната игра, не е доцна, бидејќи ќе следуваат уште извлекувања и уште многу награди,– истакна Мишко Тасевски, раководител на секторот Маркетинг.

makpetrol press 2019

Денеска, во рамките на шестото редовно коло беа доделени лап-топ Dell, а како главна награда од третото мастер коло беше доделен четирицикл ATV Honda TRX 500 FM.

Љупчо Георгиевски, директор на дирекцијата за малопродажба истакна дека Макпетрол е лидер на македонскиот пазар повеќе од седум децении, a компанијата немаше да биде она што е денес без довербата од своите верни потрошувачи. Таа доверба Макпетрол ја возвраќа преку продажба на современи и квалитетни горива и секако, завидна услуга.

– Во текот на целото свое постоење Макпетрол се стреми кон постојан напредок и воведување новитети во своето работење, знаејќи при тоа дека својот деловен успех го должи на довербата и лојалноста на клиентите и на пошироката заедница во која секојдневно активно дејствува.
Со 126 бензински станици распоредени во сите поголеми населени места во земјата, Макпетрол е компанија која е најблиску до своите потрошувачи. Но, ние не сме прв избор само поради обемната дистрибутивна мрежа, туку секако и поради врвниот квалитет и услуги што ги нудиме во сите сегменти од нашето работење.

Макпетрол постојано се прилагодува кон потребите на своите потрошувачи и барањата на современите трендови, a со сигурност така ќе биде и во иднина. Нашата решителност секогаш да обезбедиме квалитетна, сигурна и економична услуга претставува гаранција дека Макпетрол и понатаму ќе биде водечка компанија на македонскиот пазар. Затоа продолжуваме да инвестираме во модернизација на постојните капацитети и постојано ја шириме нашата продажна мрежа.

Макпетрол оди секогаш чекор пред другите, па така и овој пат преку наградната игра „Со ВЕРНА полни и секогаш добиј“ нашите најсреќни потрошувачи ќе ги добијат овие вредни награди. Досегашната прифатеност на ВЕРНА програмата за лојалност несомнено говори за задоволството на нашите потрошувачи. Тоа истовремено претставува дополнителна обврска за нас, односно мотив безрезервно да продолжиме да ги следиме и применуваме современите европски стандарди во нашата дејност, со цел да понудиме врвни производи и услуги на нашите бензински станици и воопшто во нашето работење. Денес е последното доделување на награди за оваа година и ја користам оваа прилика да најавам дека во наредната 2019 година ќе продолжиме со нова наградна игра која што ќе биде уште поинтересна за нашите потрошувачи,- истакна Георгиевски.

Од компанијата додадоа дека во шестото редовно коло учествуваа 198.000, а во третото мастер коло речиси 400.000 квалификувани трансакции, но од сите нив само двајца беа среќни добитници на овие вредни награди.

Ненад Миклош, со број на трансакција 395598 беше среќниот добитник на лап-топ Dell, а најсреќниот ова коло беше Томе Николовски, со број на трансакција 284586 кој беше добитник на прекрасниот четирицикл ATV Honda TRX 500 FM.

makpetroll dell 2019

Facebook Коментари