Поврзете се со нас

Карате

„Макпетрол“ е најтрофејниот македонски карате-клуб на светските натпреварувања

Објавено

на

На неодамнешното Светско карате првенство за кадети, јуниори и У-21 во Венеција, Италија, Стефан Стојановиќ (+84 кг), освои бронзен медал. Ова е уште една потврда дека „Макпетрол“ и понатаму е најтрофејниот македонски карате-клуб кога се во прашање натпреварувањата од врвен, светски или европски, ранг.
Ова одличје за младиот македонски каратист е втор светски медал во неговата спортска кариера. Претходно, тој на светското првенство во Коња, Турција, во 2022 година го освои сребрениот медал. Дополнително, Стојановиќ освои петто место на светските игри на Топ 8 каратисти кои се одржаа во Ријад, Саудиска Арабија во 2023 година. Овие резултати го ставија Стефан Стојановиѓ како најуспешен каратист на Македонија до возрасна категорија на (У21).
Доколку се направи споредба со останатите медали освоени од членови на македонската репрезентација, спортистите на „Макпетрол“ се убедливо најуспешни. Во дисциплината борби, репрезентативците на Македонија досега имаат освоено вкупно 12 медали. Од нив, три се сребрени и девет се бронзени медали. Најуспешни се каратистите од „Макпетрол“, со седум светски медали, од кои две сребрени и пет бронзени, во своите витрини.
Медалистите на „Макпетрол“ се: Горан Митровски (бронза), Жарко Арсовски (бронза), Наташа Илиевска (бронза), Стефан Стојановиќ (сребро и бронза), Витомир Трајковски (сребро и бронза).
Останатите клубови од македонската карате федерација имаат освоено вкупно пет медали од кои еден сребрен и четири бронзени.
Во дисциплината кати, во досегашната историја се освоени два медали и тоа во екипна конкуренција со ката тимовите – жени.
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни