Поврзете се со нас

Автомобили

„Макпетрол“ бара одговорност поради недолични изјави од член на Регулаторната комисија

Објавено

на

blank

„Макпетрол“ денеска со соопштение побара одговорност од членот на Регулаторната комисија за енергика, Атанаско Тунески, кој при гостување во телевизиска емисија изрекол невистинити обвинувања на сметка на компанијата.

– Макпетрол АД е изненаден од нападите изнесени од членот на РКЕ, Атанаско Тунески кој во изјава за емисијата „КОД“ на ТВ Телма, со недолични зборови искажа закани кон компанијата. Ова недолично однесување на висок функционер е недозволиво.

Овие негови неконтролирани изјави и постапки покажуваат зошто Тунески не смее да биде член на РКЕ. Од неговата изјава очигледно е дека тој има нешто против конкретна енергетска компанија. И не е дозволиво член на регулаторно тело така да издвојува и да напаѓа компании. Самото тоа е доволно да биде итно разрешен.

Овој настан фрла сенка врз дигнитетот на РКЕ и не доведува нас компаниите во недоумица дали треба да се плашиме да пријавиме конфликт на интереси?

Минатата недела членот на РКЕ, Атанаско Тунески даде изјава со која потврдува дека е против либерализација на пазарот на нафтени деривати и неосновано ја оцрнуваше работата на Макпетрол АД, а неговото непознавање на проблематиката е навистина загрижувачки.

Либерализацијата на пазарот е всушност најдобар начин да се заштитат интересите на потрошувачите, бидејќи конкуренцијата ќе донесе и подобар квалитет и поголема економичност.

Како компанија очекувавме реакција на сите релевантни државни институции, но во нејзино отсуство јавно прашуваме: Што ќе превеземат институциите во однос на ова дискриминаторно и непрофесионално однесување со кое директно се нарушува угледот на Макпетрол АД од страна на јавен функционер?

Ваков однос на државен функционери е недозволиво и ја руши довербата во институциите кои треба да работат во функција на граѓаните, но во исто време не смее да наштетуваат на бизнис секторот поради лични интереси.

Очекуваме брза реакција на надлежните институции, – стои во соопштението на „Макпетрол АД“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни